1887

OECD Multilingual Summaries

Competitiveness in South East Europe

A Policy Outlook 2018

Summary in Macedonian

Cover
Read the full book on:
10.1787/9789264298576-en

Во поголемиот дел од последната деценија, економиите на регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се обврзаа на сеопфатна реформска програма, водена од потребата за зголемена конкурентност, регионална соработка и поефективно економско управување. И покрај извесен напредок во спроведувањето на реформите, регионот на ЈИЕ сѐ уште се бори со високи нивоа на невработеност, бавен раст на стапките и сплет на инфраструктурни проблеми, особено во транспортниот и енергетскиот сектор.

Наспроти заднината на пристапот на Европската унија (ЕУ), којшто се соочува со неодамна усвоената стратегија на Европската комисија за Западен Балкан и понатамошната регионална соработка, овој извештај, кој е втор во серијата, има за цел да им помогне на земјите учеснички да развијат подобри политики преку обезбедување длабинска процена на економските перформанси и регионалната конкурентност преку 17 димензии на политиката. Во подготовката на оваа процена, ОЕЦД соработуваше со шест економии од регионот на ЈИЕ (Албанија, Босна и Херцеговина, поранешна југословенска Република Македонија, Косово,* Црна Гора и Србија) од почетокот на 2016 година до почетокот на 2018 година за да обезбеди експертиза и анализа базирана на докази потребна за поддршка на процесот на структурни реформи.

Публикацијата нуди извештај со широк спектар за клучните економски предизвици и структурните пречки за конкурентноста во Југоисточна Европа. Изготвен во тесна соработка со владите на земјите од ЈИЕ, извештајот вклучува над 1000 регионални засегнати страни и се заснова на ригорозен систем на квалитативни и квантитативни процени на политиките. Крајниот резултат е сеопфатен извештај што опфаќа над 600 индивидуални индикатори.

Од последното издание на Извештајот за конкурентност, има области со забележителен напредок. Шесте оценети економии на ЈИЕ усвоија стратегии за подобрување на севкупниот стандард на образованието, дејствуваа кон отстранување на техничките бариери во трговијата и преземаа чекори за воспоставување подобри финансиски механизми за малите и средни претпријатија (МСП). Во тек се натамошни напори за проширување на широкопојасните услуги и затворање на дигиталниот јаз, справување со неефикасноста во енергетскиот и земјоделскиот сектор и решавање на демографските предизвици од долгорочната невработеност. Но, и покрај овие важни придобивки, остануваат значителни социјално‑економски предизвици за овие економии додека го продолжуваат своето патување кон структурни реформи и регионална конкурентност.

…..

* Ова означување не ги загрозува позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/99 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Советодавното мислење на Меѓународниот суд за прогласувањето независност на Косово.

Клучни предизвици

Низ целиот регион, слабата имплементација и несоодветното следење продолжуваат да ги попречуваат структурните реформи, додека човечкиот капитал и дефицитот на пазарот на трудот го ограничуваат капацитетот за економски раст. Ниските нивоа на запишувања во образованието во раното детство и постојаниот дигитален јаз придонесоа за јазот во регионалните вештини, додека хроничното недоволно финансирање на науката, технологијата и иновациите ги држи економиите назад во нивната транзиција кон општества базирани на знаење. Науката, технологијата и иновациите во економиите на ЈИЕ продолжуваат да заостануваат зад споредливите економии, влошени поради слабите врски помеѓу бизнис заедницата и академијата, како и од високото ниво на „одлив на мозоци“ на младите дипломци.

Кај сите шест економии, недостатокот на деловни финансии го спречува економскиот раст и го намалува слободниот пазарен потенцијал, додека неефикасноста во системите за управување со даноците и собирањето ги поткопуваат државните приходи. Овие структурни неефикасности имаат негативни последици за МСП и поттикнуваат неформална активност. Покрај тоа, слабата примена на политиката за конкуренција ‑ особено во високо концентрираните банкарски, комунални и транспортни сектори ‑ доведува до нефер услови на пазарот. Регионот, исто така, страда од неефикасни претпријатија во државна сопственост, огромно избегнување на данокот и слаба примена на антикорупцијата, коишто ѝ наштетија на продуктивноста.

Прекумерното регулирање на трговијата со стоки и услуги ги зголеми оперативните трошоци за бизнисите во економиите на ЈИЕ, истовремено влијаејќи врз приливот на странски капитал. Дополнителните пречки вклучуваат слабо развиена транспортна инфраструктура и неефикасен пазар на комунални услуги, којшто се карактеризира со високи нивоа на вертикална интеграција. Во областа на одржливоста, економските политики не го олеснуваат економскиот раст на еколошки начин, поткопувајќи го јавното здравје и долгорочната конкурентност.

Патот напред

Земени во целина, овие предизвици претставуваат сериозно множество на пречки за регионот. Затоа, од клучно значење е развојот на краткорочни и среднорочни стратегии за да се обезбеди спроведување на политиките.

  • Градете вештини и иновации. Прв приоритет за регионот треба да биде да се инвестира во формирање човечки капитал и да се подобри ефикасноста на пазарот на трудот. Исто така, економиите на ЈИЕ треба да работат на поттикнување на учеството во образованието во раното детство преку подобрување на достапноста. Покрај тоа, владите треба да усвојат холистички пристап за помош во транзицијата кон општество базирано на знаење, преку зајакнување на поддршката за поттикнување научна извонредност, апсорпција на технологијата, претприемачки раст и создавање импулс за иновации преку вклучување и поврзување на заинтересираните страни од страна на бизнисот, академијата, владата и граѓанското општество.
  • Помогнете им на бизнисите да растат во фер средина. Економиите во ЈИЕ исто така треба да имаат приоритет при пристапот до финансиите преку поттикнување алтернативни извори на финансирање и вложен капитал. Заложбата за пристап до финансиите ќе биде од корист за МСП, како и за подобрување на условите за сите учесници на пазарот преку отворањето на крајно рестриктивните кредитни пазари. Исто така, странските директни инвестиции и поврзаноста меѓу МСП треба да се зајакнат со давање предност на долгорочните и одржливи инвестиции во висококвалификуваните и креативни сектори. На крај, регионот треба да се фокусира на координација на антикорупцијата, вклучувајќи нудење поцврста заштита на поткажувачите во сите шест економии.
  • Развијте инфраструктура која поддржува ефикасен и одржлив развој. На среднорочен план, економиите на ЈИЕ ќе имаат корист од понатамошните инвестиции во инфраструктурата, вклучувајќи ги и обновите на транспортниот и енергетскиот сектор. Особено се потребни железничките реформи и подобрувањата во информативните системи за да го изедначат регионот со најдобрите практики на ОЕЦД и стандардите на ЕУ. Освен тоа, треба да се посвети внимание на техничките стандарди, како што е усогласување на законодавството за животна средина со цел исполнување на меѓународните обврски. Во енергетскиот сектор, рамките на политиките треба да бидат целосно усогласени со целите на климатските промени, додека пак поголем институционален капацитет е потребен за да се реализираат тековните реформи на пазарот на енергија.

За да се овозможи успешна реформа на политиките, овие препораки треба да бидат изготвени за да одговорат на специфичниот контекст на секоја економија, истовремено земајќи ги предвид многуте преклопувања и заемните врски што се својствени за регионот.

© OECD

This summary is not an official OECD translation.

Reproduction of this summary is allowed provided the OECD copyright and the title of the original publication are mentioned.

Multilingual summaries are translated excerpts of OECD publications originally published in English and in French.

OECD

Read the complete English version on OECD iLibrary!

© OECD (2018), Competitiveness in South East Europe: A Policy Outlook 2018, OECD Publishing.
doi: 10.1787/9789264298576-en

This is a required field
Please enter a valid email address
Approval was a Success
Invalid data
An Error Occurred
Approval was partially successful, following selected items could not be processed due to error